Дац, Александар и Ранко – следни гости во #1на1

#Сезона16 продолжува!

Се ближи февруари, а со тоа и најкоментираниот настан во Македонија – “Златна Бубамара на Популарноста”. По тој повод го викнавме ‘мастермајндот’ Ранко Петровиќ алијас “Ранко Бубамара”. А февруари е и месец на љубовта и боемството, па кога зборуваме за таа тема, логично се наметнува и името на едни од најпознатите дуа (после Липа) – Дац и Александар!

Хумор, анегдоти, пеење, доделување на пасош (да!) и многу повеќе – оваа недела во 18:30 на Канал 5!