Мицкоски на шминкање пред снимањето на “Еден на „Еден“

Спортски облечен, во фармерки и во џемпер, каков што не го знаеме на официјалните настани, Христијан Мицкоски дојде на снимањето на „Еден на Еден“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше опуштен и расположен во студиото со Жаре. „Не е проблем, сликајте ме додека се шминкам, ама не знам дали без наочари, луѓето таков не ме знаат“, ни рече Мицкоски додека се подготвуваше.

Штом стартувавме со снимање, тој раскажа многу приказни што луѓето за него не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници, за тоа дали е во контакт со Никола Груевски. Имаше и игри кои беа интересен предизвик за Мицкоски. И малку музика.

Во недела, на Канал 5 од 18.30 нѐ чека уште една забавна „Еден на Еден“ емисија со Христијан Мицкоски.