Услуги

uslugi
  • Целиот тим кој работи на шоуто Еден на Еден е ангажиран за изработка на врвни видео и аудио производи за нашите клиенти. Имаме богато искуство, работиме напорно и од секој проект го извлекуваме максимумот. Најдобрите идејни решенија, беспрекорна реализација и најјасните пораки за сите кои ќе ги примат истите.




  • Рекламно време во шоуто Еден на Еден

    Ако целта е да допрете до публика од 18-49 години, ова е тоа што го барате. Единствено од ваков тип, шоуто Еден на Еден има редовно висок рејтинг, верна публика и широка можност за презентирање на Вашите идеи и производи. Во опција се и разни хоризонтално врзани пакети за спонзорирање, интегрирани со Facebook, YouTube, дневен печат, магазини, популарни интернет портали итн. Создаваме поинакво искуство за нашата публика. Истата сакаме да ги добива пораките на природен, ненападен начин со ист и поголем ефект од класичниот тип на рекламирање.

    Балкан Стенд Ап Фестивал

    На крајот на секоја година, илјадници прекрасни, дотерани, образувани и расположени мажи и жени брзаат кон продажните места за да обезбедат присуство на најпозитивниот настан во годината кај нас. Фестивалот Балкан Стенд Ап. Ова е наш лиценциран проект кој на едно место ги носи апсолутно најквалитетните стенд ап комичари од целиот балкан и на публиката и нуди два и пол часовно уживање во врвна стенд ап комедија. Атмосферата е извонредна, насмевките неизбежни, а со тоа и убавото чувство кај публиката. Токму затоа Балкан Стенд Ап фестивалот е идеален за присуство на брендовите кои имаат за цел да се асоцираат со овие карактеристики. Бројноста на публиката е огромна на лице место и при телевизиското емитување на фестивалот, а широка е и самата покриеност – дневен печат, магазини, радио и тв реклами, веб сајтови и сл.

    WEB PR

    Подготвени сме врз основа на барањата на клиентите да реализираме комплетни веб кампањи. Насочени исклучиво за интернет или како дел од поголема интегрирана кампања. Соработуваме со најдобрите и најчитаните веб сајтови кај нас, кои професионално ќе одговорат на сите наши барања и потреби.Започнуваме со тоа што детално ги слушаме потребите и желбите на нашите клиенти. Потоа оформуваме комплетни решенија кои се разликуваат од традиционалните ПР објави. Се, со цел да се постигне што што поголем опфат и ефект, кој ќе резултира со поголема препознатливност на брендовите или зацврстување на ннивните позиции.

    BTL Маркетинг

    Ви дадоа да си каснете нешто на влезот од маркетот? Шансите се дека не се толку дарежливи и дека тоа е всушност еден вид промоција. Работиме комплетно организирање на таков тип на маркетинг, вршиме целосна анализа и даваме финални и детални идејни решенија за тоа на кој начин е најдобро да ја пренесете вашата идеја до потенцијалните ваши потрошувачи. Преку контакт, може да постигнете директен успех во продажбата.Презентациите ги организираме на високопрофесионален начин користејќи ги алатките на економскиот бихејвизоризам и елементите за унапредување на продажбата. Имаме тим од високо обучени промотери. Резултатите засега ги почуствуваа сите наши клиенти.Можеби не ни е гајле каков ќе го направиме омлетот, ама за овие работи не се шегуваме!

  • Преку нашата соработка со најдобрите продукции и стенд ап комичари од целиот балкан, благодарејќи на Балкан Стенд Ап, можеме во било кое време да ги понудиме овие момци и девојки како дел од настан со кој сакате да промовирате нешто, прославите некој значаен ден или едноставно да ги насмеете вашите соработници на корпоративен настан. Комплетната организација на истиот е наша грижа, ваше е да уживате во перформансот.

    ________________________________________________________________________________________________________

    Промотивни Настани

    Индивидуално или како дел од претходна BTL или ATL кампања може да понудиме решенија и да организираме настани кои ќе имаат за цел дополнителна промоција на вашиот производ. Настан како што сакате да имате, заедно со нашите креативна решенија и комплетна посветеност на вашиот бренд, ќе резултира со одличен финален производ

    Едукативни кампањи

    Не сме воопшто себични. Нашето искуство сакаме да го споделиме секаде каде што за тоа има потреба. Сето она што го работиме на полиња како медиуми, продукција, социјални мрежи и сл. не се двоумиме да го кажеме и за истото да дискутираме.

  • …зар сериозно помисливте дека го правиме и ова? 🙂
© 2017 Еден на Еден. Сите права задржани. Web by Glitch Agency. Hosted by xo.mk.