За нас

Почнавме како Еден на Еден, навидум обичен тв проект осмислен од Жарко Димитриоски. По првите две сезони поминати на А1 и А2 телевизија дојде време да се направи следниот логичен чекор – собирање на тимот кој повеќе години неофицијално работеше заедно и отпочнување на нова приказна во нашите животи (влегува ДОО-то). Што заради нови предизвици, што заради тоа што А1 и А2 продолжија да бидат само димензии на хартија…

Денес сме сериозен тим кој нуди комплетни маркетинг и продукциски услуги, работиме на голем број проекти за многу наши партнери, горди сме на шоуто “Еден на Еден” и фестивалот “Балкан Стенд Ап” и иако на моменти не знаеме како постигнуваме и кога ќе дојдеме дома нашите ни велат “а ти кој беше?!*”, страсни сме за нашата работа и не би ја менувале за ништо на светот!

Живееме во најтурбулентниот период од човештвото. Времињата се менуваат, приодот кон нештата мора константно да биде апдејтиран. Токму затоа, следењето на сето она што е ново и посветувањето внимание на она што е тренд во нашата работа за нас е од најголемо значење.

*на што одговараме со “а ти чиј/чија си?”

zanas1-zarko

Го води Еден на Еден зашто го тераат. Пред камери е од дете и срамот кај него е вишок како женскиот тоалет во маалската биртија.
zanas2-djordji

Човекот кој физички отиде во Централен Регистар и ја основа фирмата. Лично тој ги бира сите реквизити за нашите легендарни скечеви. Се сеќавате на урнебесните бркови ала чичко Куплунг во епизодата со Влатко Стефановски и Јовица Михајловски? Е толку е добар!
zanas3-milan

Не ви стигна платата на време? Тој е крив!
zanas4-marina

Долго време единствено девојче во екипата, макар што никој не ја третира така. Задолжена да пушта малку женска аура и одвреме на време да поставува чудни прашања по улица Македонија.
zanas5-vlado

Десна рака на Жаре во Еден на Еден. Сопственик на црн појас во држење на негативна енергија подалеку од сет.
zanas6-ivan

@MedoDimoski на твитер, здраворазумен хејтеризам на гугл. Сите еротски моменти од нашите проекти се негово дело.
zanas7-ivo

@Sulimanovic. Човекот е мозок. Навечер и навистина се претвора во мозок. Ѓорѓи го вика Сулејмановиќ, бидејќи е толку многу величествен.
zanas8-scenarist

Уште не ни пратил описот што сака да му биде, премногу работи на BTL кампањи.
© 2017 Еден на Еден. Сите права задржани. Web by Glitch Agency. Hosted by xo.mk.