Првиот пат не се заборава

Секако, говориме за првиот пат кога влеговме во нашето студио, се поздравивме со камерманите, притиснавме “REC” и со засукани ракави започнавме да ја снимаме новата сезона.

И да, иако генерално сезоните ни започнуваат доцна во есента, благодарение на глобалното затоплување скоро секогаш работиме со засукани ракави (последен пат кога помина низ државичево ни избега, ама еветуваме следен пат ќе пробаме да ја договориме Грета Тунберг за гостинка!)

За жал, поради околностите, на нашиот Youtube канал (EdenNaEdenTV) во целост се достапни само епизодите од сезона 4, но не и првите три сезони… кои за наша среќа се сепак достапни на другиот архивски канал – EdenNaEden

Па така, епизодите што се емитуваа летото 2012 се достапни —> Тука

Eпизодите што се емитуваа до есента 2013 се достапни —> Тука

А сега веќе култните (барем за нас во фирма) епизоди од А1 и А2 ерата се достапни —> Тука

Сезона 4 ја започнавме во “2на1” издание! Со Дарко Станиќ и Сашко Коцев!

Целата сезона —> Бујрум

Сезона број 5 – започна со емисија за петка! Влатко Стефановски и Александар Поповски беа наши гости:

А целата сезона е достапна —-> Тука

После 5, следува 6! Сезона 6 започна со човекот кој жареше и палеше на македонските ракометни терени во ерата на РК Металург: Ренато Вугринец!

Целата сезона 6 —-> Овде

Во сезона 7 го сменивме малку концептот и телевизијата, а тука сезоната ни започна со едниот и единствен – МАЕСТРО ИГОР ЏАМБАЗОВ!

Бондовската сезона 007 ќе ја погледнете ако направите —-> Клик

Осмицата ја започнавме со легендарниот Бора Чорба! Емисија што ќе ја паметиме долго време поради убавите зборови што ги чувме од многу гледачи надвор од нашите граници!

Осмата сезона од нашето шоу е достапна —> Тука

Го сменивме имиџот и за сезона 9, а истата ја започнавме со две специјални епизоди.

Едната беше “Времеплов”, во која се потсетивме на најдобрите моменти од почетоците на нашето шоу, а втората беше “Запознај го тимот”. Епизода во која на гости ни беа нашите сценаристи, луѓе кои меѓувреме останаа невработени поради тоа што работата им ги зема ЧетЏиПити (мала шега, работата не им ја зема ChatGPT…. Grok, Grok им ја земa)

Првата епизода со “надворешни” гости беше со актерите од серијата “Фамилијата Марковски”, а остатокот од сезоната можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Десетка е убава бројка. Цела декада #1на1 на вашите мали екрани (кои во меѓувреме се зголемија со подемот на плазма и ЛЦД телевизорите, а потоа се смалија кога секој реши да ‘прима контент’ преку нивните мобилни телефони), а ‘декатлонот’ го прославивме со помош на Гоце Тодоровски и бендот “Дупер” (одделно гостуваа, да не помисливте за момент дека актерскиот великан имал фраза во животот кога бил фронтмен на македонски поп бенд)

Целата десетка (без кромид, но со одлична забава) е достапна —> Овде

Не запревме тука и решивме да пробаме да направиме барем уште една десетка :)) А првиот чекор до втората десетка го започнавме со ‘антички’ гостин! “Соколот” од Атланта – Перо Антиќ!

Целата сезона која ја започнавме здрави и прави, а ја завршивме со специјални епизоди “преку Zoom” е достапна на —> Линкот

И да! Сезоната која што заврши со специјални епизоди поради вирусот корона…започна со Перо Антиќ… но и со ЕКСКЛУЗИВНО ГОСТУВАЊЕ НА КОРОНА!
Што? Не ни верувате дека Корона беше на гости оваа сезона? Клик ТУКА за вистината!

Пандемијата продолжи и во дванесеттата сезона, поради што концептот на нашето шоу повторно се смени. Овој пат, наместо во студио, снимавме во автомобил… меѓу другото 🙂 Овој нов концепт на нашето шоу го започнавме со Васко Тодоров. Алијас Тошо Малерот. Алијас Ристо. Алијас Батка. Алијас Цајкан. Али јас можам вака и до утре да набројувам така да… да не должиме:

Оваа специфична сезона од нашето шоу е достапна на следниот —-> Линк

Бројот 13 не ни беше малерозен. Баш напротив, во сезона 13 се вративме во нашето студио, а прв гостин ни беше Марјана Станојковска, која не се сложи да ни ја намести седмицата на лото, ама барем ни даде торта. Дај шта даш?! 😀

Целата среќна 13ка е достапна —–> Овде

И во четиринаесеттата сезона се водевме од ‘прво па женско’ максимата и ја поканивме Антониа Гиговска!

Целата сезона е достапна —> Тука

Се доближуваме при крајот на оваа статија! 🙂 Декада и половина “Еден на Еден” започна со нов концепт за нашето шоу. ТВ епизодите почнавме да ги емитуваме во два дела, а овој концепт го започнавме со легендата на македонскиот спорт: Горан Пандев!

Вториот дел од разговорот со ‘Гранде Гоче’, како и сите останати емисии од оваа сезона се достапни —-> Тука

И стигнавме до последната сезона. Сезона 16. Сезона која тргна со со пет гости одеднаш! Сашко, Тони, Гораст, Јордан и Синиша дојдоа да ја промовираат нивната претстава “12” и ни приредија одлично шоу какво што немавме видено во историјата на нашата емисија:

Целата сезона 16 е достапна —->Тука

И? Што сега?
Да запираме?
Секако дека не!
Продолжуваме понатаму! Сезона 17 започна на Канал 5, а истата ќе може да ја следите секоја неделa во 18:30 на ТВ или пак еднаш на две недели на нашите канали на Youtube, Spotify и Apple Podcasts.