Работни места со најмалку стрес

За жал кај нас сеуште нема спроведено истражувања од ваков тип. Засега можеме само да претпоставуваме кои се најмалку стресни работни места. Можеби административец за кој нема место во канцеларија и пие кафе на улица Македонија би била најмалку стресна работа или можеби банкарски чиновник кој работи во сектор каде има помалку работа. Еден ден и ние ќе се потрудиме да направиме вакво истражување.
Во меѓувреме погледнете ја листата на најмалку стресни работи во САД како и неколку карактеристики на овие работни места:

Библиотекар

 

01Во САД заработуваат просечно околу 55.000 долари. Ќе се согласите мирната средина, опкружувањето со книги ја прават оваа средина навистина нестресна. Исто така доколку имате можност времето на работа може да го искористите да се надградите во други полиња.

Фризер

 

02Оваа работа може да влезе и во домашната листа ако ја направиме некогаш. Иако фризерите се цел ден на нозе и сепак пријатното опкружување и дружењето со клинетите секако се главна предност на оваа професија. Инаку фризерите во САД заработуваат двојно помалку од библиотекарите или некаде околу 23.000 долари годишно

Нутриционисти

 

03Американците имаат сериозни проблеми со тежината, токму поради ова оваа професија е доста барана. Креирање планови за дебелите луѓе да слабеат, не делува стресно и плус е добро платено – околу 56.000 долари годишно

Кројач
04Секој ден можност да се биде креативен, тоа според истражувањето е главната предност на оваа професија. Платени се околу 23.000 долари годишно.

Професор на факултет

 

05Работа со млади луѓе, доста слободно време, можност за слободно креирање на обврските. Без дилема најмалку стресна работа и веројатно и во некое наше истражување би го завземала првото место, исто како и во САД. Згора на се најголема плата од овие наведени професии – просечно по 65.000 долари.