Пеце Суперхикс ќе формира негова партија

Оваа недела ни гостуваат фантастичните Суперхикс! Фронтменот Пеце ќе зборува за нивните политички амбиции, фудбалот со еден наш познат министер од Владата, необичното патување во Шпанија и многу други работи. Доколку во неговото гостување минатата сезона откри дека го има басот на Драган Вучиќ, сега ќе открие дека поседува и исклучително вредни работи од Благица Павловска и Наум Петрески!
На крајот на шоуто, целиот бенд заедно со Жаре на вокал ќе изведат нешто од најновиот албум на Хикси, по повод 20 годишното постоење на групата.

Гледајте Еден на Еден на Алфа во 19.10 часот