Како да ја преживеете 2026?!

Еве како!
Сите знаеме дека кратки социјални интеракции се пекол. Честопати не знаете што да поставите како прашање или како културно да го одј…да го… да се ослободите од другиот, де… Е па, доколку не знаете какви кратки прашања да поставувате со цел да ги преживеете ‘small talk’ моментите… следете го овој прирачник на прашања што секогаш ќе ви помогнат да остварите мал разговор со секого!

Јануари: “Кај беше за нова бе?”/”Имаш планови за новава?”/ “Гледаше ова ракомет, бе?”

Февруари: “Што ќе славиш, Трифун или Валентајн?”

Март: “Што и зема на жена ти за 8 март?”/”Бреееј ова времево чудно бе… затоа ја викаат луда Марта, а? Ладничко од сабајле, а?”

Април: “Што ќе славиш за први Апри…што? Како тоа мислиш не се слави бе? Е па онда…во што се маскираш…што? Како тоа мислиш преголем си за маскирање? Па во што го маскираше детето тво.. што? Како тоа мислиш немаш дете? А бе толкав вол си, земи расплодувај се бе, алоооо!!!”

Мај: “Кај славеше први мај бе?”

Јуни: “Кај на одмор бе?”

Јули: “Кај на одмор бе?”

Август: “Кај на одмор бе?”

Септември: “А бе…порано ладно беше у септември, сега некако жешко бе, по 30ина степени е лагано.. Него… детево твое тргна у школо? Не? Уште немаш дете? Па што чекаш бе?!”

Октомври: “Што ќе се маскираш за Halloween? Секси верзија на Харли Квин? Паметно… иако си маж… паметно!”

Ноември: “Кај за нова бе?”

Декември: “Ееее, пред месец дена ми кажа дека е прерано, ама сега не е… кај за нова бе?”