СЕ ВРАЌА 1на1!
Шестнаесетка е убава бројка. Целосна. Се дели со 2. И со 4. И со 8. И со 16. И со… други бројки се дели, ама резултатот нема да биде така убав и целосен.
Но тоа што 16ка е убава бројка, не значи дека треба да престанеме со емитување после шестнаесет сезони, зарем не?
Најпопуларното македонско ТВ шоу се враќа со нова, седумнаесетта по ред сезона! И оваа сезона ќе го продолжиме истиот концепт од минатите неколку сезони, то ест, телевизискиот дел од нашето шоу ќе биде поделен на два дела кои ќе може да ги гледате секоја недела во 18:30 на Канал 5. А интернет верзијата ќе биде составена од двете ТВ епизоди+материјал што претходно не бил емитуван на телевизија. Поткаст т.е. интернет верзијата (за сами да си одберете дали сакате да ја гледате и слушате или само слушате) на нашата емисија ќе биде достапна секоја втора недела во 20 часот на нашиот Youtube канал.
Во првата епизода на гости ќе ни дојдат Тино и Атанас т.е. Атанас и Тино!







