Атанас Атанасовски: Ќе се разведам кога ќе заврши карантинот

Актерот Атанас Атанасовски во свој стил ни откри која е првата работа што ќе ја направи кога ќе заврши кризата со коронавирусот.

„Прво нешто што ќе направам кога ќе заврши карантинот, ќе се разведам, хахаха“, изјави Атанас за Еден на Еден.

Актерот кој е вработен во театарот „Комедија“ во моментов паузира од сите активности, и е посветен на синот Павле кој има неполни три месеци и на сопругата Александра. Атанас ни раскажа и за другите креативни занимации што ги има по дома.

„Почнав да изработувам макети од кибритчиња. Најчесто правам висечки мостови. Најинтересни ми се мостовите заради нивниот проблем со носивоста. Но имам и други градби. Досега ги имам направено Танкервилскиот мост, Голден гејт, Риалто, Акаши-Каијкио или попознат како Прл“, вели актерот кој заедно со неговиот колега Тино Костадиновски игра во нивниот авторски проект, претставата „Чао пријатно“. Атанас е актуелен и со претставите „Вардарски пастуви“, „Стјуардеси“, „Не сега драга“…

Атанас и Тино беа наши драги гости во оваа, 11 сезона на Еден на Еден. За да се орасположите во овој период на домашна изолација, погледнете ги двата предизвици што Жаре им ги даде на популарните актери. Првиот е асоцијациите со полна уста со мини кроасаните од нашите пријатели Бусто.

Вториот е оригиналната надсинхронизација на дебатата во која исто така уживавме сите. М.Џ.