Што ако познатите светски серии се снимаа во Македонија?

Во Македонија можеби ретко се снимаат серии, но затоа кога ќе излезе нова наша серија таа често се случува да е нешто што не може да се заборави, иако некои и те како посакуваме да ги заборавиме.

Токму затоа екипата на #1на1 се запраша како би изгледале најпознатите светски серии доколку истите би се одвивале во Македонија?

Доколку и вие сте дел од оние што мислат каков би бил македонскиот Шерлок или пак како би изгледало дејството на “Breaking Bad” доколку Волтер Вајт живееше во Македонија тогаш бујрум видео баш како за вас.

А доколку не сте се запрашале за ова досега тогаш ова видео ќе ви ги одговори прашањата што не сте ни знаеле дека ги имате 😀