Гласовите на Македонија во Еден на Еден!

Најпрепознатливите гласови во спортското новинарство во Македонија, незаменливите Зоран Михајлов и Атанас Костовски, во недела гостуваат во „Еден на Еден“.

Коментаторите и колеги, но пред сè, пријатели, Зоки и Таско раскажуваат за времето кога заедно известувале од Олимпијадата во Атланта, a Михајлов морал да прескокнува огради за да стигне до коментаторското место. Потоа, кога со фиќо тргнал за Финска или, пак, кога со грутка во грло станал првак на Југославија.

Костовски раскажува и за мечот кога онесвестен боксер бил разбуден на многу специфичен начин.

Сè на сè, нè чека вечер исполнета со многу анегдоти и приказни од децениски долгите кариери.

Гледајте „Еден на Еден“ во недела од 18:30 на „Канал 5“.