BTL кампања Жито Полог

Во деновите кога акцијата беше реализирана ја зголемивме продажбата на брашното за повеќе од 7 пати и продажбата на тестенините за повеќе од 4 пати. Како репер земавме периоди кога продажбата била на натпросечно ниво. Како дојдовме до тоа?

На 23. и 24.11.2013 осмисливме, организиравме и реализиравме комплетна BTL кампања за нашиот клиент Тотал Логистик. Кампањата имаше за цел да ги промовира производите на Жито Полог, поточно да ја подигне свесноста за нивното постоење и квалитет. Го промовиравме брашното и програмата тестенини.

Зито полог

За оваа цел набавивме пултови кои претходно беа дизајнирани од нашиот графички тим. Беа изработени флаери, капи и маици за презентерите кои претходно беа обучени за начинот на реализирање на кампањата. Акцијата беше реализирана во осум Тинекс маркети и истата имаше и одговорен супервизор.