Бубо и Жаре пеат за избори

Бубо од К15 и Жаре со своја идеја како досадните политички вести да ги направат поинтересни! Од Еден на Еден сезона 4…

Доколку сакате да запеете заедно со нив еве го и текстот 🙂

Двајцата најсериозни кандидати
за престолнината на Македонија
Коце Трајановски и Јани Макрадули
се договорија да нема какафонија

Си посакаа фер изборна битка
си подаддоа рака
кодексот за мирни избори
го потпишаа без мака

Ова е традиција да се прави пред секој циклус
таман да не смират пред да почне целиот циркус

Покажаа добра воља
ова веќе станува пракса
но истата таа практика
укажува на фарса

Затоа сега се вклучуваме
кај нашиот новинар на стража
Жаре дали се слушаме?
Повели со твојата репортажа

Фала Бубо
убаво си кажа
сега ќе ви објаснам дека не е се туку така
има и повеќе од оваа гњаважа…

Ете така драги гледачи
сепак е емисија во живо
но вие не секирајте се
ич нека не ви е криво

Повеќе информации ќе има
и тоа во следните вести
дотогаш се розево и фино нека ни биде
некој друг че не намести!