Бубо Каров го има вистинскиот начин за заштита од Ковид-19

Бубо Каров го има вистинскиот рецепт како да се заштитиме од ширењето на вирусот Ковид-19.

Една од нив е ставање долна облека на главата, откри познатиот шоумен во новата Еден на Еден- Скараџиска, која ќе ја гледаме на 3 мај, во недела од 18.30 на Канал 5. Жаре и Бубо муабетеа и за други негови оригинални совети за заштита.

Во новото отворено студио на Еден на Еден, во оваа емисија гостува и актерот Гораст Цветкоски. Како што доликува за првомајските празници, Жаре ќе врти скара, а Гораст ќе подготви еден негов специјалитет.