Џамбазов: Ја најдов формулата за заработка

Игор Џамбазов вели дека ја има најдено формулата за пристоен живот и заработка.

Тоа според него е Инстаграмот. Џамбо на Жаре, во претходна Еден на Еден му изјави дека откако сфатил дека Фејсбукот не е за него, го убедиле дека најдоброто место каде што може да се изрази, а од тоа и да заработи и Инстаграмот.

„Ме викнаа на симпозиум за Инстаграм, ама одбив зашто јас не сум будала како некои. Изгледа дека сум ја нашол вистинската жичка. Од забава сето тоа почна, и тогаш сфатив дека може нешто да се заработи и од тоа пристојно да се живее, зборувам за мене. Изгледа дека јас ја најдов формулата како треба да се комуницира. Сакаат да ме видат во пижами, неизбричен, со гуралка во окото“ , рече Џамбазов.

Во периодот на изолација, Иги редовно објавува снимки од нови песни. Една од нив е и „Куршум не ме дупи мамо“- Сретеновски турбо-блуз, која ја напиша за актуелната состојба со коронавирусот.

Еве ги ланските топ 5 постови на Игор на Инстаграм, што ги издвои нашата екипа во новогодишната Еден на Еден со Џамбазов.