Еден на тројца!

Не се многу луѓето кои кога и да се појават на телевизија прават вистинско шоу. Но, загарантирано едни од нив се актерите од МНТ – Сашко Коцев, Александар Микиќ и Оливер Митковски. Триото ќе гостува оваа недела на Алфа тв во 20.15 часот.

Епизодата ќе биде преполна со одлични шеги, многу анегдоти, а ќе заврши со еден многу специфичен натпревар. Оливер, кој е познат по тоа што е извонреден шахист, во исто време ќе игра шах, табла и табланет против Жаре, Сашко и Александар!

Вакво нешто досега не сме виделе, а кој ќе биде исходот од овој предизвик ќе дознаеме оваа недела во 20.15 часот на Алфа.