Ефто како Павароти

На почетокот на неговата кариера Ефто Пупиноски пеел и забавни песни, но сите знаеме дека вистинскиот печат го остави во македонската народна музика.

Во Еден на Еден, Ефто го видовме во едно сосема поинакво светло – како Павароти. Заедно со Војче и Илија од „Маестро“ слушнете го со „O sole mio“.