Фановите дел од новата епизода на „Фчерашни новости“

Стотина фанови на „Фчерашни новости“ во четвртокот му се придружија на тимот во создавањето на досега најмасовниот скеч снимен во емисијата. Одличната дружба и енергија на снимањето резултираше со едно од најдобрите видеа, кои публиката ќе може да го гледа веќе оваа недела, во редовниот термин на „Фчерашни новости“.

Следува епизодата 14, каде покрај овој скеч, екипата подготви и сторија за еден ден поминат на работа во македонската јавна администрација.

„Фчерашни новости“ не носат и на најубавата плажа во Европа и ветуваат: Ланче нема многу да пцуе!

Во недела гледајте ја новата епизода на „Телма“ во 19:10 часот!