ФАНТАСТИЧНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ НА СКОВИН БАЛКАН СТЕНД АП 4!

 

И официјално, петок 20.12.2013 е денот кога на Македонија и доаѓа моментот да се насмее за сите други 364 денови. Балкан Стенд Ап го најавија нивниот четврти по ред фестивал и богами имаме на што да се радуваме!

За прв пат на фестивалот, а и за прв пат воопшто во такво издание ќе го видиме еден од најомилените и најпознати луѓе кај нас, човек кој не засмејува со децении и кој е вистински експерт на темата хумор. Сите кои ќе присуствуваат на Сковин Балкан Стенд Ап 4 ќе имаат можност меѓу другите, да уживаат и во настапот на Бубо Каров од К-15!

poster004 (5)

“К-15 се народни херои. Точка. Јас сум меѓу илјадниците што пораснаа со нивниот хумор и нивните емисии и неизмерно го почитувам ликот и делото на Бубо. После толку многу години поминати пред телевизор, едвај чекам да го видам на сцена” – рече домаќинот на настанот, Жарко Димитриоски од шоуто Еден на Еден.

Запрашан како редовен домаќин на фестивалот, што мисли за тоа кој ќе се покаже во најдобро светло, Жаре одговори – “Игор Џамбазов и Бубо… Замисли го само тоа. Ајде сега на тоа додај го и Марјан кој е се подобар, посамоуверен и поквалитетен од година во година. Неша Бриџис веќе го знаеме и буквално секој кој го гледал е запрепастен од неговата енергија и ненормално добри имитации и физички хумор. Српски Џим Кери! Александар доаѓа прв пат и убеден сум дека ќе биде одличен, а Срѓан на повеќе наврати го прогласиле за крал на кратките шеги и афоризми. Ова веќе не е обичен фестивал, ова треба да е празник на смеата. Не знам кој ќе биде најдобар ама знам дека ова ќе е најдобриот Балкан Стенд Ап досега! Особено ми е драго што и оваа година сме подржани од Министерството за Култура, а од оваа година и винаријата Сковин ќе ни помогне повеќе да се смееме”

Игор Џамбазов, Бубо Каров, Марјан Георгиески, Неша Бриџис, Срѓан Динчиќ и Александар Перишиќ ја сочинуваат ол стар поставата на овогодинешниот Сковин Балкан Стенд Ап. Поучени од искуството и од фактот што секоја година побарувачката на карти е многукратно поголема од понудата, топло препорачуваме веднаш да си обезбедите карти за овој мега настан преку продажната мрежа на Купи Карти за Се. Истите до 16.12. се продаваат по цена од 400 денари, а од 16.12. по цена од 500 денари.