Фчерашни на гости кај нас, кај нив па некој што одамна не сме го виделе

Eкипата на „Фчерашни новости“ вечерва во 19:15 часот ни гостува во новата епизода на „Еден на еден“. Во недела, пак на истото место, на Телма, може да ја погледнете и епизодата број 3 на хумористичната емисија создадена од тимот на Бранко Огњановски.

Во неа, пак, „Фчерашни новости“ продолжуваат да ја следат кампањата на Партијата на неопределените. Го претставуваат нивниот нов спот, а на терен се заедно со лидерот на партијата Климе Охридски, кој фчера оствари неколку средби со граѓаните.

 Во третата епизода на пародичните вести има и специјална гостинка, која одамна не сме ја виделе на македонските телевизии. Имено, граѓаните ќе имаат можност да прашуваат, а Гордана Јанкуловска да одговара.

Следете го ликот и делото на лидерот Климе Охридски на неговата официјална страница на „Фејсбук“.

Следете ги и „Фчерашни новости“ на сите официјални канали на Фејсбук“Инстаграм   и на Јутјуб“

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Веќе втора сезона, во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.