Фчерашни ѕирнаа во вилата на претседателот

Професионалната екипа и уште попрофесионалните камери на „Фчерашни новости“ ѕирнаа во дневната соба на претседателската вила. Што се случуваше во домот на Иванови меѓу претседателот и сопругата, погледнете во една од најдобрите епизоди на емисијата досега.

Во епизодата 18, „Фчерашни новости“ истражуваа и кој сѐ се приклучи на здружението „За заедничка Македонија“.

Екипата известуваше и за спонтаниот попис на граѓаните.

Целата епизода на „Фчерашни новости“ веќе може да се погледне на официјалниот канал на „Јутјуб“.

Додека екипата се подготвува за следната епизода, погледнете ги ексклузивните содржини кои секојневно ги објавуваат на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“