Како помина петочното гласање?

Најновата синхронизација на „Фчерашни новости“ е повторно од
Собранието на Република Македонија. Овој пат екипата одговара на
прашањата Како помина петочното гласање и кој што ќе јаде во Собрание?


Во останатиот дел од епизодата 7 на „Фчерашни новости“, која веќе е
објавена на „Јутјуб“, последни дознајте и:

– Ексклузивно: Како се кроеше буџетот на Република Македонија?

– Дали партиите ќе си подадат рака?

– Како помина есенското врзување на јаболкниците?

Гледајте „Фчерашни новости“ секоја недела од 19:30 на Канал 5.