Кине и Нагел – донаторска забава

Кине и Нагел се швајцарска фирма формирана во 1890 год и е една од најпознатите светски компании за логистика. На овдешното преставништво на Кине и Нагел им дојде идеја да направат нешто што ретко се случува кај нас, донаторска забава! Нас ни беше чест да помогнеме, а сега ќе ви го откриеме и рецептот за успешна донаторско-забавна торта: стотина добро расположени и хумани гости, одличен бенд, Жаре како церемонијал мајстор и аукција со која се помогна на училиштето Јан Амос Коменски и паралелките во кои учат децата со посебни потреби. На здравје!

п.с. Не чекајте поплави, трагедии и разни човечки и животни несреќи за да добиете поттик да помогнете некому. Трудете се да имате по еден мал гест на добра волја секој ден. Ем вие ќе живеете поисполнето, ем секој ден барем малку ќе направите некому да му е поубаво.

PFZ_0057

PFZ_0081

PFZ_0086

PFZ_9990