Лила: Што се два брака, само двајца сум однела до олтар

„Елизабет Тејлор имаше девет, која риба сум јас со два брака. Што се бе два брака, само двајца сум успеала да одведам до олтар“, изјави Лила Филиповска во Еден на Еден.

Лила ќе биде дел од новата Еден на Еден- „Забава со гости“, во недела од 18.30 на Канал 5.

„Постои само еден начин да имате среќен брак. Штом дознаам кој е тој начин, пак ќе се омажам“. Ова се дел од корисните совети што Лила ги даде за успешен брак. Останатите, заедно со забавата со гости ќе ги гледаме во недела. Во меѓувреме, погледнете ја најавата за новата емисија.