Миле Кузмановски и Брејк

Дарко Гелев Брејк во најновата Еден на Еден, открива многу интересни детали за тоа како настанала “Во бестрага”, чиј текст Игор Џамбазов го напишал за една вечер. Зборува како Пере од Нокаут наместо него ја објавил “Лебедот бел” иако Брејк веќе ја снимил за себе, а кажува и за неговите бизнис почетоци на кванташкиот пазар во Скопје, за првиот Харли Дејвидсон во Македонија,  како и за тремата која ја има и лекот кој го користи секогаш кога со голем страв ќе се качи во авион.

Еден од најдобрите гласови и изведувачи на народна музика Миле Кузмановски беше вториот гостин со кого муабетеше Жаре. Населбата Драчево каде што и денеска живее во минатото била место каде што заедно со Петар Наумовски играле фудбал и кошарка, кариерите им тргнале во различни патишта и денеска Миле живее од музиката и зборува како кај нас се живее од тоа. Пред крајот Миле беше малку збунет од илузионистот Дудо.

Најновата Еден на Еден со Good Nature…