Нетфликс во обид да ја смени ТВ индустријата

Нетфликс е компанија која има годишен приход од 3,5 милијарди долари. Компанијата е создадена во 1997 година и најпросто објаснето била видеотека. Како оние кои ги имавме во секое маало. Добро, не е баш така но моделот на работа е тој. Изнајмувате филмови, само што Нетфликс ви дава опција доколку сакате и да не ги вратите туку да си ги платите и да си ги задржите кај себе. А видеотеки постели и порано, впрочем нивната нефлесибилност била главна причина за Рид Хејстингс да ја основа компанијата. Со текот на времето вовеле разни нови модели за изнајмување, праќање по пошта, он лајн плаќање со кој дошле блиску до претплатниците и модели со кои успеале исклучително добро да го шират својот пазар. До 2005 година Нетфликс испорачувал по еден милион ДВД копии ширум светот..секој ден.

Компанијата низ нејзиното постоење постојано се менувала, па така денеска главен извор за гледање е петплатата која ја добива од нејзините корисници кои сакаат да гледааат содржина на барање. Благодарение на супер брзиот интернет секој може да си плати и веднаш да си го гледа омиленото видео, без разлика дали тоа е некоја кратка шега, серија или филм.

Нетфликс денеска има мисија да ја смени целата телевизиска индустрија.

За среќа со малку знаење и добра конекција имаме можност да ги симнеме сите телевизии кои се продуцираат во САД и да гледаме квалитетни ситкоми и серии во недостаток на такви кај нас, или во недостаток на инвестивснот или парии сеедно. Сериите кои ги гледаме и нивниот успех чинат исклучително многу пари да се снимат, а доколку пилотите не пројдат добро во телевизијата или кај гледачите веднаш се укинуваат.

Годишно во САД се снимаат околу 150 пилот серии, од кои само една третина одат во етер, од нив многу мал дел продолжуваат со нови сезони. За оваа намена годишно се трошат фантастистични 400 милиони долари.

Нетфликс реши да го наруши овој модел.Компанијата реши да ја продуцира феноменалната серија Кула од Карти во главна улога со Кевин Спејси. Луѓето имаа доверба во тимот на Спејси кој исто така е дел од креаторите на серијата и покрај тоа што е глумец и веднаш нарачаа две сезони. Без пилот, бес тестирање на реакциите и слично. На база на истражувања се покажало дека таква серија ќе пројде, луѓето му дале доверба на Спејси и потпишале за две сезони. Ова е првото нарушување на стандардите во индустријата. Без пилот да се стартува комплетно нова серија.

Втората работа е што Нетфликс реши целата сезона да ја пушти оддеднаш. Сите епизоди од првата сезона беа пуштени веднаш на Нетфликс. Нетфлиск не е телевизија нема распоред временски, едноставно им даваат на луѓето да го гледаат она што сакаат те ако сакаат. Е сега можеби ќе ви убијат два дена од животот, но тоа е тоа..уживањето ви е комплетно.

За прв пат во историјата субјект кој не е тв мрежа финансираше ваков проект, истиот одеше на барање на он лајн сервис и беше пуштена цела сезона однапред. Доколку ова на публиката и се допадне, можеби ќе биде почеток на ново време на телевизијата.