Новак Ѓоковиќ со интервју за Еден на Еден

Новак Ѓоковиќ ќе биде дел од новата Еден на Еден, во недела од 18.30 на Канал 5. Тенискиот Ас од Белград даде специјално интервју за Еден на Еден и откри интересни приказни.

Откако минатата година на Вимболдон со видео порака ги поздрави неговите македонски фанови пеејќи ја „Македонско девојче“, Ноле во емисијата порача:

„ Морам наскоро да дојдам во Скопје и Охрид. Тие ми се на агендата на местата кои сакам да ги посетам. Многу слушав за Охрид од родителите“, изјави Ѓоковиќ.

Дел од интересните муабети е и психолошката страна на неговата професија. „На сите ни се случува некогаш да опсуеме, да го фрлиме рекетот. На тоа не сум многу горд, но се трудам да бидам најдобрата верзија од себеси. Учам како да се извадам од безизлезни ситуации“, раскажа Ноле и објасни од каде ја црпи енергијата, но и дека му е голема привилегија подготовката за Олимписките игри во Токио.

Гледајте го Новак, заедно со Тамара Котеска и Фејми Даут од „Медена земја“, во недела во Еден на Еден.