Ова се новите „Фчерашни новости“

Со нови презентери, нови ликови и нова енергија, вчера стартуваше долгоочекуваната нова сезона на „Фчерашни новости“. Тимот на Бранко Огњановски уште во првата епизода од сезоната 3 потврди зошто ова е најгледаната хумористична емисија кај нас.

На стартот на третата сезона погледнете:

  • Kако помина референдумот за мигрантите во Македонија
  • Ексклузивната дебата помеѓу двете најголеми политички партии
  • Како се одвива изборната кампања за локалните избори
  • Тажна сторија за еден македонски твитерџија

„Фчерашни новости“ ќе може да ја следите секоја недела од 20 часот на „Телма“.