Последната епизода на „Фчерашни новости“

Заврши првата сезона на хумористично-сатиричната емисија „Фчерашни новости“. Во последната 12 епизода, екипата која ги собра симпатиите на публиката во овие три месеци, се збогува со своите гледачи на само нивен карактеристичен начин.

Во последната епизода Спиро Енергија ќе ги открие трите тајни на Универзумот, ќе ги дознаете петте начини како да ги преслечете водените купачи на плажа и како шлаг на тортата, прикажани се сите (не)грешки кои екипата ги правеше во изминатите 12 недели.

Сите досегашни епизоди и скечеви може да ги погледнете на официјални канали:

Јутјуб:  https://www.youtube.com/channel/UC5_dpZJ3XmZ7RkcUvmtAG9w

Фејсбук:  https://www.facebook.com/FcerasniNovosti/

Инстаграм: https://www.instagram.com/fcerasninovosti/

„Фчерашни новости“ е хумористично-сатирична емисија, на која работeше креативен тим предводен од  Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, се обработуваa актуелни теми од секојдневниот живот.