Познати главните теми за панел дискусиите на NEM 2018

Од 11 до 14 јуни во Дубровник ќе се одржи шестиот по ред New Europe Market, најголемата медиска конференција посветена на телевизиската индустрија во регионот. На само неколку месеци пред настанот, NEM ја открива богатата програма за 2018, на која и оваа година ќе присуствува екипа на „Еден на Еден“.

NEM 2018 ќе биде домаќин на седум панел дискусии со ценети, високо релевантни говорници и клучни играчи од ТВ индустријата, како и со корисни и секогаш интересни студии и презентации. Препознатливите и незаменливи елементи на NEM, приватниот скрининг-простор и маркетот, ќе бидат надградени и подобрени во секој поглед. Приватната скрининг соба ќе биде фокусирана не само на светското, туку и на локалното производство.

Истото важи и за панел дискусиите, на кои ќе се дискутира за интернцаионалната и локалната продукција и нивната релевантност за привлекувањето и задржувањето на гледачите. NEM 2018, исто така, ќе се осврнува на прашањето за растечката дигитализација, како и прашањата околу за рекламирањето и како да се постигне рамнотежа меѓу профитот и задоволството на гледачот.

Нешто ново и со сигурност контроверзно, е дискусијата за проблемите со пиратеријата во регионот и како оваа несакана ситуација може да се поправи. Во предвечерието на Светското првенство во фудбал, NEM ќе се осврне на прашањето за екстремното зголемувањеж на трошоците за ТВ-правата на спортските настани. Последен, но не и најмалку важен, е панелот за искуството на децата во однос на технологијата.

  • Секоја година Mediavision го организира NEM обидувајќи се да бидеме два чекори напред во играта што ја играме и во бизнисот што го сакаме најмногу, медиумите. NEM е горд да ги собере најважните играчи од регионот, но и од светот, со цел сите да научиме од сопствените искуства и грешки. Го правиме тоа од година во година. Очигледно го правиме тоа правилно, бидејќи сите ние постојано доаѓаме за повеќе! Добредојдовте во NEM 2018! – вели Сања Божиќ-Љубичиќ, основач на NEM.