Прашања што науката не може да ги одговори!

Светот постои премногу долго време. Минимум 5 години ако ништо друго. За време на тоа постоење, нашата сина планета е исполнета со премногу мистерии! Голем дел од тие мистерии научниците не можат да ги одговорат! Поради тоа, екипата на НАСА (Нашата Аналогија на Светската Агенција) направи листа од најголемите непознаници на денешното човештво!

-Кој ги изгради Пирамидите? А кој го изгради Скопје 2014?

-Дали постои живот после избори?

-Дали постои живот после брак?

-Дали некој некогаш одговорил “Да! Сакам да се зачленам во Лајонес!”?

-Кој го уби Ченто?

-Дали може да преживее човек со просечна макдонска плата???

-Кој им ја мати водата на коњите?

-Дали Елвир Мекиќ навистина некогаш постоел или е само масовна халуцинација?

-Дали некој некогаш кажал “Охоооо гопсодине јеховин сведок! Па да…влезете слободно!! Баш ве чекавме на кафе со жената” ???

-Дали има на овој бели свет, поубаво девојче од македонче? ИМА ЛИ?