Розета се качи на комета (фото)

За прв пат во историјата на човештвото, сонда се спушти на комета. Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска потврди дека добила сигнал од 100 килограми тешката сонда „Philae“, која се спушти на замрзнатата површина на кометата именувана 67П/Чурјумов-Герасименко.

– Дефинитивно може да потврдиме дека лендерот е на површината – рече директорот на летот Андреа Акомазо.

10469881_10154802731255285_8797451429776439046_n

Додека траат понатамошните проверки за да се утврди состојбата на лендерот, фактот дека е спуштена на површината на комета е само по себе огромен успех. Тоа го означи најголемиот дострел на една деценија долгата мисија на леталото Розета, да се научи повеќе за потеклото на овие небесни тела.

Мисијата Розета, која беше лансирана во 2004 година, мораше да заврти трипати околу Земјата и еднаш околу Марс за да постигне доволна брзина за да и се доближи на кометата, што беше достигнато во август. Розета и кометата патуваа во тандем од тогаш со брзина од 66,000 километри на час.

1002693_10154802731315285_2707424220303883928_n

– Мисијата, исто така, треба да им даде можност на научниците да ја тестираат теоријата дека кометите донеле органски материи и вода на Земјата пред илјадници години – рече Клим Чурјумов, еден од двајцата астрономи што ја открија кометата во 1969 година.