Самарџиќ: Некогаш не можам да си ја гледам брадата

Ретко кој го препознава со новиот изглед кога првпат ќе го види, а Жељко Самарџиќ вели дека некогаш и самиот не може да ја гледа својата брада во огледало.

– Посебно кога имам мамурлук, па е целата бушава, се смее пејачот на каучот кај Жаре.

Во новата епизода на „Еден на Еден“, Самарџиќ зборува за многуте турнеи низ светот, но посебно ги памети оние низ Русија.

– Кога никој на овие простори не знаеше за мене, јас снимив преку 3 милиони плочи во Русија, раскажува тој.

Самарџиќ рече дека е на диета и дека верува дека до концертот во Скопје, на 16 февруари, ќе има 10 килограми помалку. Во „Еден на Еден“ тој зборуваше и за неговото детство и семејството, а не пропушти ни на запее нешто специјално за публиката на емисијата.

Не го пропуштајте Жељко Самарџиќ во „Еден на Еден“, оваа недела од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.