Саша Ковачевиќ доаѓа во Eден на Еден!

На задоволство на сите негови обожавателки (и обожаватели) Саша Ковачевиќ ни е гостин оваа сабота во новата #1на1. Балканскиот шармер ни приреди фантастично шоу во кое што ни покажа дека го бидува за пеење, свирење, решавање, правење трикови……

Освен фалење со неговите таленти Саша Ковачевиќ ни откри и зошто неговите последни три девојки се викале Јована, колку дневно вежба на неговото тело, а не го пуштивме да си замине и без да направи муабет со Спасе.

Погледнете ја најавата и уверете се дека ви спремивме фантастично шоу! 😀