Што ќе гледаме во следната Еден на Еден?

За недела, 14 јануари, ви подготвивме прилично динамична емисија. Го продолжуваме одличниот муабет со Игор Џамбазов, кој ќе ни раскаже уште доста анегдоти за тоа како ги напишал неговите најпознати стихови, новата книга „Улица Диши длабоко“ и што уште не.  Барем за Игор не мора да се грижиме дали има нешто ново да ни каже 🙂

Ива, пак, ја пративме на гости кај виолинистот Виктор Ангелов, чиј кавер на „Деспасито“ самиот Деди Јенки го пргласи за најдобриот што дотогаш го слушнал.

Марјан има нов стенд-ап за татковството, а Жаре…Жаре ќе го гледате во јапонски реклами!