Скромно и со нивните дваесет дена стари вести – нови „Фчерашни новости“

Скромно и со нивните дваесет дена стари вести „Фчерашни новости“ ја предводат протестната 13 епизода. А во неа последни дознајте:

  • Неверојатно: Владиниот PR во живо на „Твитер“ ги соопшти новите владини одлуки
  • Дознаваме: Како Академијата за судии и јавни обвинители ги откри фалсификуваните сертификати по англиски јазик
  • Фчерашни на терен: Сојузот на борци од Шарената револуција положија венец
  • Која е најновата игра во реалното шоу „Болнички Survivor“?

Епизодата 13 на „Фчерашни новости“ гледајте ја оваа недела, 24 декември, од 20 часот на телевизија „Телма“ или, пак, во живо на нивната официјална страница на „Фејсбук“.

Екипата за престојните празници ви подготви неколку специјални епизоди, а дотогаш следете ги нивните активности на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.