Следи еп.13 на „Фчерашни“ – Баксуз е да не ја гледате!

Неуспешното запросување на Јована од страна на Кузман, од минатата епизода на „Фчерашни новости“, стана хит низ целиот свет благодарејќи на популарните сајтови „9GAG“ и „Имгур“.

Со епизодата 13, екипата ќе им даде уште повеќе добар материјал за објавување.

Во недела, „Фчерашни новости“ раскажуваат приказната за едно семејство, една земја и една надеж.

Следува и екслузивно вклучување од една прес-конференција.

Епизодата нема да помине ни без гости, а ни моменти кои ќе ве смеат долго после гледањето.

Затоа, да повториме: Недела во 19:10 на „Телма“ епизода 13 на „Фчерашни новости“! Баксуз е да не ја гледате!