Taмара: Чувствувам голем притисок за „Евровизија“

 

Евровизиската песна сѐ уште се крчка, открива Тамара Тодевска во неделното издание на „Еден на Еден“, каде пејачката зборува за тоа колку голем притисок чувствува затоа што сака да се претставиме најдобро до сега.

Во студиото кај Жаре со неа е и ќеркичката Хана, а за неа и за синот Дарен Тамара вели дека ја направија подобра личност.

– Ме дефинираа – вели Тамара.

Многу теми, мнгоу муабети, но и две врвни изведби заедно со Гуру Харе бенд – не ја пропуштајте „Еден на Еден“ со Тамара во недела од 18:30 на Канал 5 телевизија.