Техничка поддршка во Фчерашни

Eкипата на „Фчерашни новости“ во живо сведочеше на колективното будење на граѓаните и институциите. Каков шок доживуваат академците, судиите, архитектите и граѓаните кои спиеле во последните 10 години, може да погледнете во епизодата 25, која веќе е достапна на „Јутјуб“.

Покрај економскиот и експертот-таксист, во „Фчерашни“ специјално појавување имаше и Зоран од Техничката поддршка.

Екипата разговараше и со стар ерген, погоден од ненавременото распишување на локални избори, а дозна и колку општината Чешиново – Облешево е задоволна со подарокот за Противпожарната бригада.

Се крчка епизода 26. До недела, 19:10 часот на „Телма“ – останете така!