Влатко Стефановски открива – “Моето вистинско име не е Влатко”! (цела емисија)

Влатко и овојпат изненади со одлични муабети за неговата најголема љубов – гитарата, за музиката од која живее, средбата со Петар Милошевски, човекот кој го фасцинирал при запознавањето и кој за жал загина неколку денови отпосле и многу повеќе. Раскажа и многу интересни лични детали како тоа дека верувале или не, неговото вистинско име е Владимир!

Миле Стојкоски, човекот кој застана на нозе после 16 години поминати во количка  детално  ги опиша деновите кога му се вратило чувството во нозете и периодот кој претходел на тој настан. Вистинската приказна за овој светски медицински феномен дефинитивно ќе се памети како едно од најинспиративните и интервјуа што сме ги направиле, заедно со минатогодишното гостување на Лино Червар.

IMG_1064

Погледнете ја целата емисија во која за прв пат направивме пародија на познатата “Во Центар со Васко Ефтов”!