Влатко Васиљ доаѓа во Еден на Еден!

На гости во #1на1 ни биле многу луѓе кои што ја поделиле јавноста (Шабан, Јанко, Миленко…)

Но ниеден од нив не добил толку многу измешани коментари колку нашиот следен гостин. Тој е најпопуларниот македонец на социјалните медиуми, а неговите ставови секогаш собираат голем број на позитивни и негативни мислења. Влатко Васиљ при неговото гостување ексклузивно ќе открие дали некои странски сили го плаќаат за неговите статуси, колку исцрпува користењето на Твитер, а ќе открие и дека работел за Ленокс Луис! Дали можеби боксерот е тој што ги плаќа неговите твитови ќе можете да дознаете оваа сабота во 19:15 часот на Телма!

 

Update: Целата епизода можете да ја проследите на следниот линк.