Внимание! Пајак во Еден на Еден оваа сабота!

Не, не зборуваме за инсектот со 8 нозе, туку зборуваме за нешто уште подиво од вистински пајаци! “Шефот” на Пеперминт ќе ја напушти неговата вообичаена позиција и местото веднаш до бендот ќе го замени за каучот спроти Жаре.

Горан Трифуновски – Пајак ни е гостин оваа сабота во 19:15 часот на Телма ТВ. Иако вообичаено сме навикнати на тоа Пајак да нѐ смее секоја емисија со неговите нафрлувања, сепак тоа нема да биде случај оваа сабота. Тој ќе нѐ смее и без дофрлања!

Доколку сакате да го видите Горан Трифуновски во едно поразлично издание во кое што ќе зборува за работи што ги нема кажано никаде претходно, тогаш Телма ТВ е каналот за вас а сабота 19:15 часот е терминот во кој што ќе може да го гледате Пајак во фантастичен микс од сериозност и хумор! 🙂

 

Update: Погледнете ја целата епизода со Пајак на следниот линк