Во која олимписка дисциплина Македонецот е најдобар?

Втора година по ред „Фчерашни новости“ ја добиваат статуетката за најдобра телевизиска забавно-сатирична емисија на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“. Екипата во полн состав се качи на сцената во „Борис Трајковски“ и во свој стил се заблагодари за ова значајно признание.

Токму оваа награда и поддршката што секојдневно ја добиваат од своите фанови, ги поттикна репортерите и неделава ја поминаа вредно и ревносно на терен. Во најновото издание на пародичните вести, екипата ни подготви многу „Фчерашни новости“.

Во епизодата 22 последни дознавте:

  • Разговор со судијката која ја донесе драконската условна казна
  • Тажна сторија за момче кое не сака да работи во државна администрација
  • Во која олимписка дисциплина Македонецот е најдобар?

Додека се подготвува следната емисија, погледнете ја епизодата на „Јутјуб“ и очекувајте многу фчерашни новости веќе следната недела.