За Бадник кај и да си – на Канал 5 да си!

Најубавите македонски евергрини испеани од самите музички легенди – за божиќната епизода на „Еден на Еден“ нè очекува вистинско музичко уживање. Во недела ќе се навратиме во старите добри времиња заедно со Трајче Манев, Јаков Дренковски, Лидија Кочовска, Ружица Милошеска Брчиоска од „Ареа“ и Никола Јанков – Коки.

Како настанале песните кои и ден денес ги пееме и каква приказна се крие позади нив. Не го пропуштајте Божиќниот Еден на Еден специјал на 6 јануари, од 18:30 часот на Канал 5 телевизија.