На ваква публика и Фалон би позавидел!

Како што веќе знаете, ве повикавме на една мала дружба, размена на идеи, Q & A и муабет околу новитетите што ги планираме во новата #1на1 сезона. Ептен позитивно не изненадивте со одзивот ама едноставно како и да правевме математики, немаше теоретски шанси да ги собереме сите кои ни испратија меил. Попрво Арчи ќе го има бр 1 хитот на Билборд топ 100…

Навистина си поминавме супер, уште еднаш се уверивме дека имаме најцарска публика, направивме одлични муабети и многу фина дружба. Момците и девојките кои беа присутни ги видоа новите скечеви и сегменти и ни дадоа одличен фидбек кој многу ќе ни помогне да имаме уште подобра емисија понатаму.

Уште еднаш, многу жалиме што не можеше да ве собереме сите, но ве имаме во план за понатаму. Доколку сакате да присуствувате на некое од првите снимања пратете ни меил на info@edennaeden.mk, subject “за публика” и пишете ни име и презиме, телфонски број и колку години имате.

Новата сезона започнува многу наскоро! Погледни ја првата најава тука 🙂

IMG_3392

IMG_3403

IMG_3416

IMG_3422

IMG_3426

IMG_3451

IMG_3456

IMG_3457

IMG_3460

IMG_3478

IMG_3479

IMG_3500

IMG_3503

IMG_3517

IMG_3538

IMG_3539