Епизодата со министерот Тевдовски, „Исцелител“ и градоначалникот на Македонија

Ѕвездата на НБА Леброн Џејмс постојано вози низ Македонија, но низ градот Македонија кој се наоѓа во Охајо, САД.

Во неделата во Еден на Еден градоначалникот на Македонија, Џозеф Миљорни, раскажа за животот во градот со исто име како нашата земја и што знае за нас. Тој откри дека неговиот град е крстен токму по нашата Македонија.

Актерите на новиот македонски филмски хит „Исцелител“, пак, кој амо четири месеци по премиератасобра 7 награди од светските фестивали, во Еден на Еден раскажуваа што сѐ се случуваше за време на снимањето.

  • Прво се здебелив едно две кила, а потоа месец и пол не сакав благо со очи да видам, вели Анастанс Таноски, кој во филмот го игра болниот татко кој постојано јаде од колачот со „тајна сосотојкa“.

Аксел Мехмет, пак, откри дека заедно со Благој веселинов изеле 20 четвртини со бурек. На крај, Жаре не ги пушти да си одат, пред да го подготват легендарниот колач за сите во студиото.

Министерот Драган Тевдовски, пак, зборуваше за неговиот приватен живот, новата функција, фудбалот и Данска, а екипата на Еден на Еден му подготви и специјален квиз, со кој, како што се пошегува Жаре, ќе видиме во чии раце лежи државниот буџет.

Во следната Еден на Еден гостуваат актерот Петар Мирчевски заедно со екипата од хумористичното шоу „Солза и смеа“. Не ја пропуштајте новата епизода во недела од 18:50 часот на Канал 5.