Лепа Брена во Еден на Еден!

Специјално за гостувањето во „Еден на Еден“ Лепа Брена вчера пристигна во Скопје. Балканската ѕвезда се расположи во друштвото на водителот Жарко Димитриоски и бројната публика во студиото.

Брена зборуваше за своите почетоци, за патувањата низ светот, концертите, за Боба…Сè на сè, ве очекува вечер полна со приказни кои досега не сте ги чуле и секако – музика.

Не ја пропуштајте епизодата со Лепа Брена во „Еден на Еден“ во недела 18:30 на Канал 5.