5 работи што може да ги правите ова лето

Се ближи лето и не знаете што да правите ова лето? Не се грижете! Тука е екипата на #1на1 да ви даде совети! Пет работи што може да ги правите ова лето!

  1. Седете дома. Корона има, нема потреба за шетање!
  2. Не седете дома. Отидете во СЦ Борис Трајковски и вакцинирајте се. Во тој случај можете да одите кај сакате!
  3. Гледајте Европско во фудбал. Најверојатно судиите ќе не зафркнат… ама сепак, навивајте за нашите фудбалери!
  4. Патувајте на одмор! Под претпоставка дека сте вакцинирани/негативни на ПЦР тестови/бестрашни секогаш може да патувате во или надвор од нашата земја!
  5. Истото што го правите секое лето. Скролање до бесконечност на фејсбук и инстаграм лајкајќи слики од “Album leto 2021”