Ако не чини фустанот, ќе го сменам: Галерија од зад камерите на снимањето со Данијела

Секоја минута помината со Данијела Мартиновиќ е весела. Такво беше целото наше дружење со неа, од подготовката за снимање, до самото снимање.

„ Дали избрав вистински фустан? Ви се допаѓа ли? Ако не е добар, носам уште еден, ќе го сменам“, ни рече хрватската пејачка.

Данијела толку се одомаќи во нашето студио што на крај ни рече дека ѝ било убаво како да е дома, во својата дневна соба.

Дојде совршено нашминкана, побара само мала корекција околу косата.

Низ овие неколку фотографии ве прошетавме зад камерите на Еден на Еден на снимањето со Данијела, а финалниот производ ќе го гледате во недела, на Канал 5 од 18.30.